Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Марсениќ: Со Војводина сме фаворити, на овој меч одиме на триумф
Гонзалес и Марсениќ: Со Војводина сме фаворити, на овој меч  одиме на триумф

Гонзалес и Марсениќ: Со Војводина сме фаворити, на овој меч одиме на триумф

Ракометниот клуб Вардар до крајот на оваа календарска 2017 годинава има уште три натпревари за играње, сите во регионалната СЕХА лига.  На истите двапати ќе биде домаќин, а првиот од тие две средби е против Војводина утре, вторник во 17,30 часот. За тој дуел своите очекувања ги соопштија тренерот Гонзалес и пикерот на црвено-црните србинот Марсениќ.

Раул Гонзалес – тренер на Вардар
Ние завршивме со обврските во лигата на шампиони, и останува да се фокусираме на СЕХА лигата. Остануваат уште три натпревари и мислам дека сме во добра ситуација. Први сме, немаме притисок и треба да уживаме и да играме како против Нексе. Очекувам дека и играчите едвај чекаат, бидејќи кога победуваш е полесно. Имаме тренинг и после ќе решиме кој ќе игра. Сигурно дека некои од помладите ќе добијат шанса да играат против Војводина.

Мијајло Марсениќ – играч на Вардар
„После одличните резултати во ЛШ, сега е време за СЕХА. Ние сме фаворити против Војводина и треба да се однесуваме како шампиони на секој меч, без разлика на ривалот. Треба секој меч да одиме на победа. Се надевам дека од почеток ќе направиме добра разлика за да биде полесно, и да се спремиме за другите натпревари.