Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Резултати од натпреварите во групата 2, кај генерација 2006/09 од ракометната “Јуниор“ лига
Резултати од натпреварите во групата 2, кај  генерација 2006/09 од ракометната “Јуниор“ лига

Резултати од натпреварите во групата 2, кај генерација 2006/09 од ракометната “Јуниор“ лига

Викендов во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одиграа натпревари во најмалите генерации родени 2006-09 година. Во групата 2 се одиграа три натпревари.

РК Делчево (2) се сретна со екипата на опш.Кисела Вода-Вардар (6). Во еден неизвесен натпревар на крајот победата им припадна на РК Делчево (2). Конечниот резултат гласеше 8:7. Делчево добро го започна мечот постигнувајќи ги првите два гола. Сепак до крајот на првиот дел екипата на Кисела Вода успева да го сврти резултатот во своја корист. Најпрво поведува со 3:2, за потоа да има израмнување од 4:4. Последниот гол по првиот дел го постигнуваат тие за на полувреме да имаат предност од 5:4.

Решавачкиот момент за конечниот исход се случи кога екипата на Делчево направи серија од 3:0 и победи со 8:6. Кисела Вода постигна гол, но само за намалување на 8:7, што беше и конечен резултат на овој натпревар.

Натпревар одиграа РК Делчево (1) и екипата на Ново Лисиче. Овој меч убедливо им припадна на РК Делчево. Уште на самиот старт најавија дека ќе стигнат до триумфот кога поведоа со 4:0. Ново Лисиче постигна конечно гол и на полувреме резултатот беше 4:1.

На стартот на второто полувреме Делчево направи серија од 6:0 за веќе убедливи 10:1. Ново Лисиче заигра подобро постигна три голови во серија и намали на 10:4. Сепак последните три погодоци на натпреварот беа дело на Делчево, за конечен резултат од 13:4.

Опш. Кисела Вода-Вардар (7) го загуби мечот од Опш. Кисела Вода-Вардар (5). Резултатот на овој натпревар гласеше 2:5. По првото полувреме победничкиот тим имаше предност од 0:2. Серијата продолжи и во вториот дел кога зголемија на 0:4.