Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Јуниор лига“: Резултати од одиграните натпревари кај најмладите генерации 2006/09
“Јуниор лига“: Резултати од одиграните натпревари кај најмладите генерации 2006/09

“Јуниор лига“: Резултати од одиграните натпревари кај најмладите генерации 2006/09

Во новото шесто коло од ракометната “Јуниор“ лига се одиграа натпревари кај најмладите генерации родени 2006-09 година, кои играат во мешани парови. Натпреварите се играат во две полувремиња, во времетраење од по 7 минути.

10277088_1179577872089057_1829995862015490604_n

РК Гостивар-Вардар 2 славеше во дуелот со екипата на РК Шампион-Вардар. Резултатот на овој меч гласаше 1:4. Во текот на целиот меч екипата од Гостивар имаше водство и на крајот славеше со резултат 3:9. Победа забележа и РК Гостивар 1 кој за противник ја имаше РК Опш. Кисела Вода-Вардар 3. Тука конечниот резултат гласеше 3:5. Уште по првото полувреме Гостивар ја заврши својата работа, кога на полувреме имаше водство од 0:5. Во вториот дел Кисела Вода ја подобри својата игра, доволна само за намалување и за конечен резултат од 3:6.

15337559_1179577822089062_5869186049587187560_n

РК Делчево-Вардар 2 успеа да победи во мечот со РК Опш.Кисела Вода-Вардар 6 со резултат 12:5. Во текот на целиот натпревар Делчево имаше водство и на крајот сосема заслужено победи. По првото полувреме имаа водство од 7:3. Во вториот дел само го зголемуваа водството, за на крај да забележат убедлив триумф од 12:5. Триумф во ова коло кај истава генерација оствари и РК Бисинов против екипата на РК Опш.Кисела Вода. Имаше предност екипата на Бисинов и по првиот дел од солидни три гола (5:2). Истава разлика ја одржуваа и во текот на целото второ полувреме, за на крај да слават со резултат 9:6.

15380423_1179577875422390_5907891454775219491_n