РК Вардар ќе биде домаќин на четврт-финалната група во Купот на Македонија. Вардар единствено се пријави во својата група да биде домаќин на натпреварите, а во групата покрај Вардар се уште и екипите на Охрид, Јуниор КВ и Скопје.
Вардар за противник го има Охрид, а победникот ќе игра од подобриот во дуелот на Јуниор КВ и Скопје. Екипата која ќе успее да излезе како победник ќе се пласира на завршниот турнир во Купот, кој е закажан да се одигра на 17 и 18.март.