Во петок (24.02), во рамките на 3.коло во Плеј-Оф на ракометната Супер Лига, екипата на Вардар на домашен терен ќе го пречека тимот на Бутел.
Натпреварот ќе се одигра со почеток одВо петок 18:30 часот во С.Ц. Јане Сандански, а ќе го судат најдобрите, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегат ќе биде Ацо Николовски од Скопје.
Вардар е фаворит на натпревар, на кој ќе се обиде да стигне до третиот последователен триумф во разигрувањето за Шампионската титула.