ЖРК Вардар во среда (22/02/2023) ќе го одигра својот 3-ти контролен дуел, досега девојките на Александар Царчев гостуваа во Солун каде ја совладаа екипата на РК Панорама и на домашен терен одиграа реми со Куманово.
Следен предизвик за нив е пријателскиот натпревар со екипата на Чаир од истоимената скопска населба. Дуелот во среда ќе го играме како гости во нивната сала со почеток во 18-00 часот. Вардарки оваа пролет ги очекуваат дуелите во плеј-офот, настапот во Купот на Република Македонија и вториот дел од младинската женска ракометна лига.