Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед 15.коло! КК Вардар со нова победа, останува лидер
Преглед 15.коло! КК Вардар со нова победа, останува лидер

Преглед 15.коло! КК Вардар со нова победа, останува лидер

„Црвено-црните“ славеа победа на тешкото гостување (75:69), победија и пратителите како Соколи 1933 и Работнички 2018

Без промени на врвот на табелата по одиграното 15 коло од Втората лига. Екипите кои се во горниот дел од табелата запишаа победи, па разликата која ја има лидерот, екипата на Вардар, останува иста.„Вардарци“ имаа нималку лесно гостување во Куманово, на крајот стигнаа до бодовите со триумф од (75:69) со кој останувата на два чекори пред Соколи 1933.Во ова коло штипјани беа подобри од скопски Шкупи (79:66), за да го оддржат чекорот со „вардарци“ во битките за самиот врв.

Ист број на бодови има и екипата на Работнички која во овој круг од натпреварите излезе како победник во дуелот со Водно Санс (88:83).Важна победа за приклучок со водечките екипи впиша и составот на Ангели. Во Струга беа доста подобри од Црн Дрим (86:63).Победа на гостински терен запиша и екипата на ГКК Охрид, во Велес, против Борец Баскет (70:59), додека пак денеска се игра последниот натпревар од ова коло во кој МЗТ Скопје Уни Банка го пречекува Бакет Кам.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО

Борец Баскет – ГКК Охрид        59:70

МКК Куманово – Вардар           69:75

Црн Дрим – Ангели         63:86

Соколи 1933 – Шкупи     79:66

Работнички 2018 – Водно Санс           88:83

20.02: МЗТ Скопје Уни Банка – Баскет Кам 2011

ТАБЕЛА: Вардар 28, Соколи 1933 26, Работнички 26, Ангели 25, ГКК Охрид 24, Водно Санс 22, МКК Куманово 22, Шкупи 21, МЗТ Скопје Уни Банка 20 (-1), , Борец Баскет 21, Баскет Кам 17, Црн Дрим 15;

ИДНО КОЛО (25.02)

Водно Санс – МЗТ Скопје Уни Банка

ГКК Охрид – Црн Дрим

Ангели – Работнички 2018

Баскет Кам – Соколи 1933

Шкупи – МКК Куманово

Вардар – Борец Баскет