Thursday ,09 February 2023
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ново коло во ракометната Супер Лига, утре Вардар е домаќин на МРК Куманово
Ново коло во ракометната Супер Лига, утре Вардар е домаќин на МРК Куманово

Ново коло во ракометната Супер Лига, утре Вардар е домаќин на МРК Куманово

Во рамките на 13.коло во ракометната Супер Лига, Вардар е домаќин на тимот на МРК Куманово.

Натпреварот ќе се одигра утре во малата сала на С.Ц. Јане Сандански со почеток од 13:00 часот. Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Лери Мирчевски.

Вардарци треба да имаат лесна задача околу освојувањето на нови бодови, со оглед дека играат со последнопласираниот тим на табелата. После 12 одиграни кола, тимот на Куманово има скор од една само 1 победа и 11 порази.