Утре продолжуваат натпреварите од 5.коло во ракометната Супер Лига. Во групата Б, РК Вардар е домаќин на тимот на Вардар Неготино.
Натпреварот е закажан да се одигра утре во малата сала на СЦ.Јане Сандански, со почеток од 18:30 часот. Натпреварот ќе го судат Силвана Карбеска и Марија Илиева, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.