Во рамките на 11.коло во ракометната Супер Лига, тимот на РК Вардар е домаќин на РК Прилеп.
Натпреварот е закажан да се одигра во петок (17.11) во СЦ.Јане Сандански со почеток од 18:30 часот. За судии се делегирани Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје, додека делегат ќе биде Цано Куртовиќ од Скопје.
Вардар е голем фаворит за освојување на бодовите. После 10 одиграни кола, црвено-црните се на првото место на табелата со 27 бодови, додека Прилеп се наоѓа на 6.место со само 7 освоени бодови.