Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Продолжува победничката серија за младинките на ЖРК Вардар
Продолжува победничката серија за младинките на ЖРК Вардар

Продолжува победничката серија за младинките на ЖРК Вардар

Продолжува победничката серија за младинската екипана ЖРК Вардар, која вечерва во салата „Круме Кепески“ излезе како подобра во соочувањето со тимот на Спартак, на натпревар од 5.коло во младинската супер лига. Вардарки славеа убедливо со резултат 38:30 (24:12).

Нашите младинки одиграа одлични 30.минути, период во кој се стекнаа со двоцифрена разлика, резултатот на полувреме гласеше 24:12. Натпреварот со гол го отвори Бојана Радевска од својата позиција, за Спартак да врати на спротивната страна за 1:1, што беше и единствено израмнување на овој натпревар во младинката лига. Во 3.минута Стефаноска ни донесе предност од 3:1, а благодарение на две одбрани на Ѓорѓиевска, најпрво во контра напад погоди Борјана Коцева, за истиов играч од седум метри да ни донесе и водство од 6:2 по 7.минути игра. Одлично делувавме во одбраната, додека во нападот постигнувавме голови од различни позиции. Така беше случајот и кога пикерот, Нина Попова постигна гол за 11:5, додека со нов погодок на Борјана веќе имавме солидна предност од 14:7 во 16 минута од натпреварот. Тимот на Спартак не можеше да парира, па како се ближеше првиот дел само се зголемуваше разликата, истата стана двоцифрена кога Борјана Коцева зголеми на 19:9, што беше знак за противничкиот тренер да побара минута одмор во 21 минута. Ја одржувавме предноста во последните девет минути од првиот дел, истата беше и зголемена за високи 24:12 на полувреме.

Спартак подобро го отвори второто полувреме кога постигна три последователни голови и намали на 24:15, но ние бргу одговоривме со два гола на Леона Миленкоска и еден на Бојана Радевска, за повторно да ги вратиме оние 12 гола предност од првиот дел, резултатот беше 27:15 во 38 минута. Во вториот дел на голот застана Галачева која исто така имаше неколку интервенции, а Борјана Коцева ја продолжи голеадата носејќи ни водство од 32:17 во 43 минута. Со серија од 0:6, екипата на Спартак успеа да ја намали негативата на 34:26 во 53 минута. Немаше опасност за нашата победа, со одбрана од седум метри на Ѓорѓиевска и погодок на Борјана, повторно имавме двоцифрени 37:27 на четири минути до крајот, за конечниот резултат да гласи 38:30.

Вардар: Стојчевска, Соколовска, Попова 3, Стефаноска 7, Галачева ( 4 одбрани), Поповска, Вељаноска 2, Борј.Коцева 9, Божиновска, Тодоровска 1, Симоновска 1, Радевска 4, Ѓорѓиевска ( 7 одбрани), Миленкоска 8, Милевска 1, Бој.Коцева 2.