Екипата на Рк Вардар и оваа година ќе учествува на 42-рото издание на ракометниот турнир во Струга.Турнирот ќе се игра од 13-16 август,а на него покрај Вардар ќе настапат и екипите на Струга која е домаќин,Металург,Кретеј(Франција),Санкт Петерсбург(Русија),Металопластика(Србија) и екипата на Азоти Пулави(Полска).Ова ќе биде прв подготвителен турнир во рамките на летните припреми,после подготовките во Крањска Гора кои ќе започнат на 31 јули.
Струшкиот турнир од година во година се повеќе добива на квалитет и гледаност.За 1-2 години се најавува изградба на нови трибини,покрив и овозможување на капацитет од 3. 000 седишта.Минатата година Вардар го освои третото место на овој турнир,откако во малото финале беше поуспешен од Брест Мешков.
Инаку Стружани први ќе ја имаат честа и можноста во живо да ги видат новите големи ѕвезди на Рк Вардар,Штербик,Лацковиќ,Горбок и др.
03.07.2014