Прекрасното место во близина на Српско-Унгарската граница“ Кањижа Спа“,ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир“ Кањижа Куп 2014“.Организаторот најавува беспрекорна организација,со многу силни тимови кои би се бореле за трофејот.Турнирот ќе се одржи од 22-24 ти август,а учесниците се:Горење Велење-Словенија,Пик Сегед-Унгарија,нашиот тим Рк Вардар,Нексе-Хрватска,Партизан-Србија и репрезентација од Африка-Тунис.
-Ние веруваме дека ќе го достигнеме максималното ниво на топ летни турнири,вели главниот организатор-Ференц Дукаи.
Посакуваваме и настојувавме токму овие екипи да бидат учесници на нашиов турнир,и во тоа успеавме.Сепак благодарност до нив кои покажаа почит:соработка,но во исто време препознаа дека ќе учествуваат на квалитетен и добро организиран ракометен настан-накрај додаде Дукаи.
Организаторите исто така очекуваат многу фанови од Србија,Македонија,Унгарија и Хрватска.Екипата на Рк Вардар се наоѓа во група заедно со Партизан и Тунис.Токму на Рк Вардар ја имаа честа да го отварат турнирот на 22 август против Тунис.Натпреварот се игра од 16:00.Следниот ден играме со Партизан Белград од Србија,а последниот ден е борба за пласман.
30.06.2014