Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ, ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ БЕВМЕ ПОДОБРИ ОД Еурофарм Пелистер
ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ, ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ БЕВМЕ ПОДОБРИ ОД Еурофарм Пелистер

ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ, ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ БЕВМЕ ПОДОБРИ ОД Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Вардар го одбранија трофејот во Купот, откако успеаа вечерва да слават во големото финале против екипата на Еурофарм Пелистер. Во С.Р.Ц. Билјани Извори, Вардар го доби финалето со резултат 26:25.

Вардар во првото полувреме го контролираше резултатот, за на полувреме да замине со предност од 16:12. Во текот на сите 30 минути бевме во предност, а на четири пати имавме и највисоки пет гола разлика. Иако немавме поддршка голема од голманите, со оглед дека по 30 минути игра, Ристовски Томовски имаа по само една одбрана. Наш најефикасен играч во првиот дел беше Куни Моралес кој постигна 6 голови.

Благодарение на неколку одбрани на Лесјак, екипата на Еурофарм Пелистер во 36 минута го намали резултатот на 18:16. Со головите на Талески и Дутра, црвено-црните повторно ја вратија позитивата од четири гола која ја имаа на полувреме. Наместо мирно да го приведиме ова Куп финале до крајот му дозволивме на Пелистер во 54 минута да намали на само еден гол разлика, сепак ние денес го имавме и расположениот Филип Талески кој во моменти кога ни се закануваше пасивен напад успеа да погоди за предност од 25:23. Се разбрани и Борко Ристовски, а ние бевме блиску до Куп трофеј, со оглед дека имавме предност од 26:23 на три минути пред крајот. Пелистер намали на еден гол, но немаше време за израмнување, па Вардар слави во финалето со резултат 26:25.

Најдобри стрелци кај нас беа Фереира и Моралес со по 7 голови, а Талески постигна 6 гола.