Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар продолжува победнички и во 2015.
Рк Вардар продолжува победнички и во 2015.

Рк Вардар продолжува победнички и во 2015.

По завршување на светското првенство кое се одржа во Катар,продолжуваат настапите на Вардар во регионалната лига.Забележана е нова победа во ова натпреварување против екипата на Брест Мешков.Видлив беше на терен заморот на играчите кои беа дел од светското првенство.

Натпреварот беше неизвесен од почетокот па се до самиот крај.Алем Тоскиќ во 10 минута погодува за 5:3.Во следните шест минути белорускиот преставник успева да направи пресврт и да го преземеме водството.До крајот на првиот дел се играше гол за гол на двете страни,па на полувреме се замина со нерешен резултат 13:13.

Првите минути во второто полувреме им припаѓаат на гостите кои успеваат да се одлепат на два гола разлика.Крилото Симон Разгор погодува за 14:16.Вардарци успеваа со поцврста одбрана да се вратат во игра.Со два гола во серија на Тоскиќ успеваме да израмниме и веднаш потоа и да поведеме.Како течеше играта,така Вардар играше се подобро.Тимур Дибиров погодува за најголема предност од 24:20,се мислеше во тие моменти дека дуелот е решен.Екипата на Брест Мешков успеа да се врати во игра па дури и да израмни на пет минути до крајот.Руските интернационалци во дресот на Вардар постигнуваат три гола во серија што беше пресудно за победа на овој натпревар.Крајниот резултат гласеше 28:25.

Најефикасни беа Тимур Дибиров со 8 гола,и Данил Шишкарев со 5.Веќе во сабота не очекува нов дуел во сеха-лигата против екипата на Загреб на гостински терен.

04.02.2015

Leave a Reply