Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Како изгледа „новиот“ РК Вардар, клубот со изменет состав ќе настапува во новата сезона
Како изгледа „новиот“ РК Вардар, клубот со изменет состав ќе настапува во новата сезона

Како изгледа „новиот“ РК Вардар, клубот со изменет состав ќе настапува во новата сезона

Ракометниот тим на Вардар во новата сезона ќе настапи со значително изменет состав, откако клубот го напуштија неколку играчи, но дојдоа и нови засилувања, а некои и ставија крај на играчката кариера.

Од Вардар заминаа Филип Талески, Јан Чувара, Куни Моралес, Дутра Фереира, Дејан Манасков, Андреј Добрковиќ и Велко Маркоски. Стојанче Стоилов и Борко Ристовски нема веќе активно да играат, но сепак остануваат во клубот на други функции.

Нови играчи на Вардар се: Марко Срдановиќ (Металопластика), Стефан Петриќ (Партизан), Нилтон Мело (Викторија), Матија Николиќ (Лока), Косуке Јашухира (Висла Плоцк), Ансер Родригез (Брага).

Голмани: Мартин Томовски, Васил Гогов
Леви крила: Марко Срдановиќ, Марио Стојановски
Десни крила: Гоце Георгиевски, Дарко Ѓукиќ, Ален Ќосевски
Леви бекови: Стефан Петриќ, Нилтон Мело, Ансер Родригез
Десни бекови: Томислав Јагуриновски
Средни бекови: Косуке Јасухира, Мартин Карапалевски, Матија Николиќ
Кружни напаѓачи: Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски, Михаил Аларов
Дефанзивци: Марко Мишевски