Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Сакаме да го вратиме Вардар каде што му е местото, да биде шампион на Македонија и да игра во ЛШ
Стоилов: Сакаме да го вратиме Вардар каде што му е местото, да биде шампион на Македонија и да игра во ЛШ

Стоилов: Сакаме да го вратиме Вардар каде што му е местото, да биде шампион на Македонија и да игра во ЛШ

На денешната прес-конфренција која ја одржа РК Вардар, беше најавена новата раководна структура. Стојанче Стоилов ја прекинува играчката кариера, но продолжува во Вардар, како дел од стручниот штаб, а ќе биде вклучен со работа и во младинските категории.

Стоилов верува дека Вардар ќе се врати на старото место и дека повторно ќе блесне.

-Знам дека сите што се со мене на масава тука се затоа што го сакаат Вардар, сакам да работам со такви луѓе, што му мислат добро на Вардар. Јас сум видел многу убаво во Вардар, но во последниве години не беше добро, како што кажа и Михајло без ветена помош од многу субјекти, дури и со опструкции. Меѓутоа мислам дека сега ќе имаме малку повеќе време да ги видиме работите од еден друг агол со нови улоги со Борко. Сакаме да го вратиме Вардар каде што му е местото, да биде шампион на Македонија и да игра во ЛШ. Не велам дека ќе брзаме и дека тоа ќе биде веднаш, но чекор по чекор, со многу работа ќе се обидеме да го вратиме каде што треба.

-Годинава јас ќе бидам координатор на младите категории. Низ годиниве се запоставија младинските категории и сакаме тој пропуст да го смениме, сакаме да работиме со младите. Ракометот беше спорт број еден во Македонија и многу деца го сакаат клубот и сакаат да бидат со нас, истакна Стоилов.