Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Втора последователна победа за пионерите на РК Вардар
Втора последователна победа за пионерите на РК Вардар

Втора последователна победа за пионерите на РК Вардар

Пионерите на ракометниот клуб Вардар за само два дена забележаа уште една победа во лигата. После триумфот на гостувањете во Велес против екипата на Бисинов, избраниците на Андријана Будимир беа подобри и од екипата на РК Текстилец. Овој меч се одигра во спортскиот ракометен центар Кале и заврши со резултат 14:10 во корист на црвено-црните.

Во првите минути од натпреварот гостинската екипа имаше водство од 0:1 и 1:2. Но од тогаш следи серија од шест последователни погодоци за Вардар за највисоко водство од 7:2. Сепак до крајот на првото полувреме Текстилец успева некако да воспсотави резултатска неизвесност и на одмор да замине со негатива од три гола 8:5.

На стартот на вториот дел Вардарци можеби го направија решавачкиот чекор кон победата со два гола ги враќаат највисоките пет гола позитива за предност од 10:5. Се што успеаа да стори Текстилец до крај е да намали на 12:9. Во последните пет минути Вардар со паметна и мирна игра успеаа да го зачува ова водство, за конечен триумф од 14:10. Најефикасни во нашиот состав беа Бојан Чакалиќ со 4 и Никола Жерновски со 3 погодоци.

РК Вардар: Зафиров, Мишевски, Чакалиќ 4, Павловски 1, Трајановски, Жерновски 3, Танев 1, Богдановски, Димитријевски 2, Србиновски, Грујовски 1, Трајчевски, Савревски, Димчевски, Аспровски, Ангеловски.