Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинските екипи на РК Вардар со три домашни натпревари за претстојниов викенд
Младинските екипи на РК Вардар со три домашни натпревари за претстојниов викенд

Младинските екипи на РК Вардар со три домашни натпревари за претстојниов викенд

Три домашни натпревари за младинските екипи на РК Вардар кои се закажани за претстојниов викенд.

Во рамките на 8.коло во групата А на пионерската лига, вардарци во салата „Круме Кепески“ се домаќини на екипата на РК Струга. Натпреварот ќе се одигра во сабота (02.12) со почеток од 12:30 часот.

Во истава сала, во сабота, во дербито на групата Б во кадетската лига, Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер 2. Натпреварот ќе започне од 14:30 часот.

Во недела (03.12) во салата „Круме Кепески“ младинците во рамките на 10.коло ќе играат со екипата на РК Пролет, натпревар кој ќе стартува од 15:00 часот.