Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лани на денешен ден РК Вардар како „аутсајдер“ слета во Келн, но на изненадување на сите се врати со Пехар
Лани на денешен ден РК Вардар како „аутсајдер“ слета во Келн, но на изненадување на сите се врати со Пехар

Лани на денешен ден РК Вардар како „аутсајдер“ слета во Келн, но на изненадување на сите се врати со Пехар

На денешен ден лани, започна последната „епизода’ од една шампионска бајка. Вардар слета во Келн, како тотален аутсајдер за да го одигра третиот по ред завршен турнир Ф-4 во ЕХФ Лигата на шампионите. Тие дојдоа до „местото на злочинот“ потешко од очекувањата, “црвено – црните” иако безбедно слетаа во Виена по летот од Скопје, сепак, им се одложи летот до Келн, па мораа да патуваат со авион до Дизелдорф, а од овој град со автобус до Келн, некаде околу 40 километри.

Сепак се заврши добро по нашиот тим, па веќе Вардарци се упатуваат кон своите соби, каде  одмораа по напорниот ден, а веќе ден потоа им беше закажан  главниот тренинг пред дуелот со Барса  во 1/2финалето.