На денешен ден лани, 2019 година за првпат ЖКК Вардар дојде до титулата во Македонија. Во финалната серија девојките предводени од Жаклина Стојановска дојдоа до пехарот. Во веста објавена на нашиот сајт точно пред една година сме донеле:
Шампиони… Конечно падна Бадел. Избраничките на Жаклина Стојановски се на седмо небо, по освојувањето на титулата во македонската лига со 3:0 против големиот ривал Бадел, со победата 79:65 во третиот меч од финалната плеј-оф серија.
Вардарки го симнаа од престолот петкратниот шампион и најтрофејна екипа во македонската женска кошарка, а доминацијата ја најавија со освојувањето на Купот, во Гевгелија, трет пат во низа, исто така против Бадел (50:40)