Кошаркарскиот клуб Вардар по долга пауза поради пандемијата со Корона вирусот ги најави првите активности. Kошаркарскиот клуб Вардар известува дека од почетокот на јуни 2020 година, започнува со индивидуални тренинзи, кој ке бидат специјално прилагодини и подготвени од нашите најдобри тренери.
Познато е и триото кое ќе работи со надежите, станува збор за еминентни кошаркарски стручњаци предводени од тренерот на првиот тим. Триото го сочинуваат: Д.Радуловиќ, А.Јованчев и Д.Крстиќ.
Програмата на тренинзите е соодветна за возраста на децата, на кој максимално ке се посветува внимание на техничко-тактички способности на секој кошаркар.Работата ке биде во групи со ограничен број на деца каде ке се тренира во нашите сали ( сала Вардар Кале и гимназија Јосип Броз Тито) кој поседуваат најмодерни услови и опрема за тренинзи.
Информации кај нашите тренери кој ви стојат на располагање