Ракометарот на Вардар, црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан заедно со Црна Гора ќе биде противник на Македонија во групната фаза на Европското првенство во Хрватска. Тој во изјава за медиумите во неговата земја покрај за ова актуелна тема за собирот на репрезентациите, дава оценка и за нашиот Вардар со кој успеа да освои четири титули оваа сезона.
-Вардар е бренд и тоа ќе остане да биде во наредните сезони. Оваа година верувам дека работевме двапати понапорно од противниците и затоа на крај се искачивме на европскиот трон. Влегувавме во натпреварите без комплекс и страв, а и верувавме доволно еден на друг. Дали имавме среќа? Да, но таа ги следи храбрите. Во новата сезона имаме иста цел, пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе успееме да го повториме овогодишниот успех