Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Успесите на Вардар носат скок на македонскиот клупски ракомет
Успесите на Вардар носат скок на македонскиот клупски ракомет

Успесите на Вардар носат скок на македонскиот клупски ракомет

Македонскиот спорт оваа сезона ja одбележа  најуспешната сезона во клупската ракометна историја. Најпопуларниот спорт во земјата впиша  освојување на европската титула на Вардар и вицешампионската на ЖРК Вардар,

Овие  резултати донесоа подобрување на позицијата  на рејтинг листата на ЕХФ, каде од наредната сезона нашата земја ќе има три претставници во ЕХФ Купот. По европското злато на избраниците на Раул Гонзалес македонскиот машки клупски ракомет скокна до осмото место, што значи еден сигурен учесник во Лигата на шампионите и три екипи во ЕХФ Kупот, наместо две како досега. Кај дамите на ЕХФ ранг-листа немаше  големи промени, но и тука Македонија има скок. Освоеното  второто место на ЖРК Вардар и разочарувањето на Будуќност, нашиот жеснки клубски ракомет ја  Црна Гора и сега е деветта земја во Европа. Во идната  сезона нашиот женски ракомет ќе има едно сигурно место во Лигата на шампионите, потоа  едно место во ЕХФ Купот и две “визи“ за Челинџ Купот