Европскиот ракометен шампион, РК Вардар од утре, 27 јули (четврток) ќе ги почне подготовките за новата сезона во која се брани трофејот освоен во Келн на Ф-4 турнирот. Момците утрото ќе имаат индивидуални лекарски прегледи, а заедничкиот тренинг е закажан за 17-00 часот. Истиот ќе се одржи во големата сала во СЦ „Јане Сандански”.
Според планот, се до 3 август тимот ќе се тренира во Скопје а потоа екипата заминува на подготовки во Словенија. На 11 август екипата заминува за Германија и таму ќе го имa првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер. Ден потоа, нашиот црвено-црн ракометен колектив ќе игра на турнир на Гумерзбах, и во полуфиналето на 12 август се среќаваме со Рајн Некар од 17 -00 часот, на 13-ти е натпреварот за пласман. Од 24 до 29 август ќе бидеме во Катар каде ќе играме на Супер Глоуб т.е. неофицијалното ракометно клупско СП.