Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Триумф на “Супер Глоуб“, покрај светска круна ќе носи и 400.000 долари за црвено-црните
Триумф на “Супер Глоуб“, покрај светска круна ќе носи и 400.000 долари за црвено-црните

Триумф на “Супер Глоуб“, покрај светска круна ќе носи и 400.000 долари за црвено-црните

По освојување на европската круна нашиот РК Вардар за првпат сезонава ќе игра на неофицијалното Светско клупско првенство, Супер Глоуб, кое ќе се одржи на крајот на август во Доха, Катар. Домаќинот на турнирот, Ал Сад и Катарската ракометна федерација заедно со ИХФ неодамна ги одредија четвртфиналните двојки, а победниците од тие натпревари продолжуваат во полуфиналето, додека другите ќе разигруваат од 5 до 8 место.

Ако момците на  Раул Гонзалес после  европската дојдат и до светската клупска титула, ќе “заработат“ дури 400.000 долари, сума колку што освоија последните победници, екипите на  Барселона и Фуксе Берлин. Ова е навистина голема сума во ракометниот свет, само за напомена тоа е некаде блиску  од наградата која се доделува за Шампионот на Европа во ЛШ, каде заработивме годинава пола милион евра. Во 1/4-финалето стартуваме со лесен противник, екипата од Иран тимот на  Нафт-О-Гашаран. Најверојатно во 1/2-финалето ќе играме со Барселона, меч кој ќе  биде финале пред финале и ќе го одреди фаворитот за злато.