Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Седум ракометарки на Вардар, дел од младинската репрезентација, на ЕП во Словенија
Седум ракометарки на Вардар, дел од младинската репрезентација, на ЕП во Словенија

Седум ракометарки на Вардар, дел од младинската репрезентација, на ЕП во Словенија

Селекторот на женската младинска ракометна репрезентација, Борче Марковски го одреди составот на ракометарки, кои патуваат за Словенија, на претстојното Европско првенство, кое започнува од утре. Македонија ќе биде во силна група, заедно со репрезентациите на Норвешка, Русија и Хрватска. Првенството го отвораме со натпревар, против врсничките од Хрватска.

Седум ракометарки од Вардар, ќе ја претставуваат Македонија на ЕП во Словенија. Тоа е голманката Слободанка Кицеска, потоа бековите Леонида Гичевска, Сашка Филипоска, Ива Божиноска, Ана Иванова, крилото Анастасија Николовска и пикерот, Ања Велкова.

Пласман на ЕП, обезбедивме откако бевме второ место на квалификацискиот турнир, кој се играше на Кале. Инаку главниот дел од подготовките го одбработивме во Маврово.