Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ e најдобра ракометарка во Србија и на Екс-Ју просторот
Андреа Лекиќ e најдобра ракометарка во Србија и на Екс-Ју просторот

Андреа Лекиќ e најдобра ракометарка во Србија и на Екс-Ју просторот

Андреа Лекиќ ја одбележа сезоната 2016/17, каде победи во три избори каде беше номинирана. Реномираниот ракометен портал, “Балкан Хандбал„, десетта година по ред, избира најдобар играч на Србија, ЕКС-ЈУ ракометарка и за најдобар играч во регионот.

Средниот бек на Вардар е најдобра ракометарка во изминатата сезона, настапувајќи за екипа од просторите на поранешна Југославија. Ова е вкупно четврто вакво признание за Лекиќ, откако истава награда ја доби во 2010, 2011 и 2014 година.

Лекиќ исто така е прогласена за најдобра ракометарка на Србија, додека најдобар ракометар е Растко Стојковиќ, кој настапува за Брест Мешков. Дури седум пати има победено во овој избор, а секогаш се наоѓала во идеалниот тим, како најдобар среден бек.

Андреа е најдобра ЕКС-ЈУ ракометарка во традиционалниот избор на новинарите и читателите на Балкан Хандбал. Лекиќ освои најмногу гласови, или вкупно 18, додека второто место беше за уште една ракометарка на Вардар, се работи за Андреа Пенезиќ која доби 12 гласови. Ова е втор ваков лауерат, за Лекиќ, откако истото признание го доби и во 2014 година.