Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар на мегдан со ПИК Сегед во 1/8 финалето?
Вардар на мегдан со ПИК Сегед во 1/8 финалето?

Вардар на мегдан со ПИК Сегед во 1/8 финалето?

Европскиот ракометен првак Вардар со вчерашниот пораз кај Порто ги губи шансите за петтото место во нашата група.

Сега, на едно коло пред крајот се надзира и противникот на Вардарци во 1/8 финалето. Ако нема изненадувања, а не би требало да има во последното коло, Вардар како шестопласиран тим ќе вкрсти со третопласираниот од другата група. Тоа би требало да биде ПИК Сегед, кој во последното коло има тешка задача и игра на гости со Барса, додека пак ПСЖ има домашен дуел со Загреб.

Секако, навиваме за првата варијанта и дуелот со ПИК Сегед во 1/8 финалето.

Ако е шестти Вардар првиот меч ќе го игра дома (18-22 март), а реваншот ќе биде на гостински терен (25-29 март).