Претстојниов викенд започна пролетниот дел во ракометната “Јуниор“ лига. Во С.Р.Ц. Кале во текот на вчерашниот ден се одиграа два натпревари кај генерацијата родени 2006/07 година, по еден во машкиот и женскиот дел.
Во машкиот дел се сретнаа екипите на Ангели од Скопје и Бисинов од Велес. Поуспешна беше екипата од Велес, која славеше со резултат од 6:17. Уште на стартот од мечот, тимот на Бисинов најави дека ќе ги освои бодовите, кога стигна до предност од 0:6. Конечно првиот гол го постигнаа и Ангели, потоа и намалија на 3:7, но до крајот на првиот дел, серија на Бисинов од три последователни голови, за на одмор да заминат со висока предност од 3:10.
Во второто полувреме, за краток период, избраниците на Никола Бисинов имаа и двоцифрена предност, кога резултатот беше 4:14. Бисинов имаа целосна контрола на резултатот и немаа проблеми до крајот на мечот да стигнат до тримф.
Во женскиот дел кај истава генерација, триумф за екипата на Делчево – Вардар, која ја победи екипата на Ново Лисиче – Вардар. После еден гол на двете страни за 1:1, до крајот на првиот дел, Делчево постигна пет гола, за разлика од Ново Лисиче кој не успеа да го пронајде патот кон мрежата. По првиот дел, резултатот е 1:6.
Фуриозен старт во вториот дел имаа Ново Лисиче, кога го намалија резултатот на 4:6, но тоа беше се што успеаа сторат на натпреварот. До крајот на натпреварот Делчево со серија од 0:3, стави точка на мечот и забележа победа со резултат од 4:9.