СЕХА регионалната лига, денес ги објави учесниците и групите во новата сезона од дивизијата „Југ“ во регионалната СЕХА лига.
Вардар ќе биде дел од групата Б со Загреб, Партизан и Татран Прешов, во другата група-А се тимовите на: Еурофарм Пелистер, Веспрем, Нексе и Војводина. Сепак, Веспрем и Загреб, ќе играат дирекно понатака без дуели во групата поради настапите во ЛШ.
Останатите екипи ќе одиграат по четири меча, дома и гости, против двата тима во групата. Без разлика на пласманот, сите осум екипи ќе играат во осминафиналето.