Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шест вардарци на списокот на Кокшаров, за ЕХФ неделата во која Русија ќе патува до Аргентина
Шест вардарци на списокот на Кокшаров, за ЕХФ неделата во која Русија ќе патува до Аргентина

Шест вардарци на списокот на Кокшаров, за ЕХФ неделата во која Русија ќе патува до Аргентина

За време на ЕХФ неделата, руската ракометна репрезентација ќе патува за Аргентина, каде ќе биде дел од силен турнир, на кој покрај домаќинот Аргентина и Русија, ќе учествуваат и селекциите на Шпанија и Полска.

За овој турнир, селекторот на Русија, Едуард Кокшаров повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Тимур Дибиров, Павел Атман, Сергеј Горбок, Данил Шишкарец, Сергеј Горпишин и Глеб Калараш.

Турнирот, „зборнаја“ ќе го отвори на 23.октомври кога за противник ќе ја има Аргентина. Следниот ден, силите ќе ги одмери со Шпанија, додека на 25.октомври ќе одиграат меч против Полска.