Еден од играчите кој го напушти Вардар на крајот од сезоната, Васко Шеваљевиќ, успеа веќе да пронајде нов клуб.
По само една полусезона во црвено-црниот дрес, црнагорскиот репрезентативец се враќа во Франција, како нов играч на Саран Луаре во првенството на оваа земја.
Шеваљевиќ имаше уште една година активен договор со Вардар, но во договор со клубот истиот беше прекинат, па Шеваљевиќ го напушти Вардар, клуб со кој ја освои двојната домашна круна.