Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Куп: Вардар во првиот, Вардар Јуниор во вториот „шешир“
Куп: Вардар во првиот, Вардар Јуниор во вториот „шешир“

Куп: Вардар во првиот, Вардар Јуниор во вториот „шешир“

Во Купот на Македонија во машка ракометна конкуренција завршија дуелите  во 1/8-финалните групи. Со четирите побединици е комплетиран списокот на 16 учесници во следната фаза,  1/4-финалните групи.

Двата црвено-црни сениорски тимови како Суперлигаши  имаат место во овие групи. Федерацијата наскоро ќе го дефинира датумот за ждрепката, а натпреварите ќе бидат одиграни од 10 до 12 април. Првиот тим на Вардар се наоѓа во првиот шешир, поради добриот пласман на табелата, младиот колектив, Вардар Јуниор ќе биде во вториот по квалитет сад при извлекувањето. Вака изгледаат „шеширите“.

Шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид
Шешир 2: Бутел Скопје, Пролет,  Вардар Јуниор, Радовиш
Шешир  : Еурофарм Пелистер 2, Металург 2, Струга, Работнички
Шешир 4 : Тиквеш, Вардар Неготино, КЛ7, Прилеп