Thursday ,07 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Монпелје ја загуби титулата пред Вардар
Монпелје ја загуби титулата пред Вардар

Монпелје ја загуби титулата пред Вардар

Противникот на Вардар во 1/2 финалето на Лигата на шампионите, тимот на Монпелје доживеа вистински шок пораз и практично ја загуби титулата во Франција која ја чуваше целата сезона. Сент Рафаел неочекувано го доби вчерашниот натпревар на домашен терен со резултат  26-25 (12-13) и му направи голема услуга на тимот на ПСЖ, кој сега е многу блиску до титулата.

Со овој пораз кој практично значи загубена титула, тимот на Монпелје сигурно ќе влезе на дуел со нашиот Вардар “раздрман” по големиот шок пораз.

На дуелот кај победникот Сент Рафаел, екс играчот на Барса, Даниел Сармиенто со шест гола беше најефикасен, кај Монпелје Порт запиша осум гола а Вид Кавтичник пет.

Вардар и Монпелје силите ќе ги одмерат в сабота од 18.00 часот.