Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ повторно ќе ги гледаме во Скопје, но во дресот на Српската репрезентација. Веќе поранешните ракометарки на Вардар ќе настапат за селекцијата на Србија во дуелот против Македонија, во рамките на квалификациите за Европското првенство.
Овој натпревар ќе се одигра на 3-ти јуни во Ниш. Селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ го објави поширокиот список, а на истиот се најдоа Лекиќ и Цвијиќ, кои ќе имаме можност повторно да ги видиме во Скопје.