Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шола: Чест е да се игра против европскиот првак Вардар!!
Шола: Чест е да се игра против европскиот првак Вардар!!

Шола: Чест е да се игра против европскиот првак Вардар!!

Некогашниот голман на Хрватска, денеска тренер на  Пекинг Спорт од Кина, вели дека со Вардар неговиот тим нема што да бара, освен да му биде чест што ќе игра против еден великан и европски првак. Славниот голман исто така додаде дека е голема разликата помеѓу овие два тима во моментот.

„Чест е за мене што ќе имам шанса за првпат како тренер да бидам дел од СЕХА-лигата. Исто така, чест е да се игра против европскиот првак Вардар, еден од најголемите тимови во Европа. Свесни сме дека не може да очекуваме позитивен резултат на овој меч. Голема е разликата кога ќе се спореди квалитетот на двата тима. Затоа очекувам моите играчи да го дадат најдоброто од себе и да одиграат онака како што работевме на подготовките во изминатите седмици. Не сакам да се грижат за резултатот, туку да мислат на играта“, изјави Шола.

Дуелот на Вардар и  Пекинг Спорт од Кина, започнува вечерва со почеток од 20 часот и 45 минути низ директен ТВ пренос на МРТВ-1.