По скандалозната одлука на Градот Скопје и катастрофалната грешка што ја направи за 13-ноемвриските награди за најуспешни спортисти во 2017 година, Сојузот на Спортови на Скопје ја делумно ја “исправи“ неправдата. Вчера управниот одбор на СОФКА ги соопшти добитниците на наградите 13-ноември. Како што е сосема очекувано и праведно, за најдобар спортист е прогласен капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, шпанскиот стручњак Раул Гонзалез е прогласен за најдобар тренер, додека РК Вардар најдобар колектив за 2017 година.