Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Цвијиќ, Петровиќ, Лакрабер и Лејно со своите селекции ќе бидат дел од СП во Германија, настапот на Андреа Лекиќ под знак прашалник поради повреда
Цвијиќ, Петровиќ, Лакрабер и Лејно со своите селекции ќе бидат дел од СП во Германија, настапот на Андреа Лекиќ под знак прашалник поради повреда

Цвијиќ, Петровиќ, Лакрабер и Лејно со своите селекции ќе бидат дел од СП во Германија, настапот на Андреа Лекиќ под знак прашалник поради повреда

На први декември стартува светското ракометно првенство за жени, кое ќе се одржува во Германија. На него ќе настапат и ракометарки на Вардар со своите репрезентаци. Засега потврдени се пет девојки од ЖРК Вардар, кои со своите селекции ќе бидат дел од големиот мундијал во Германија.

На списокот на селекторот, Љубомир Обрадовиќ кој ја предводи Србија, се најдоа три ракометарки на Вардар. Се работи за средниот бек на црвено-црните, Андреа Лекиќ и пикерите Драгана Цвијиќ и Марија Петровиќ. Србија е во група со репрезентациите на Холандија, Германија, Кина, Камерун и Јужна Кореја. Под знак прашалник е настапот на Андреа Лекиќ на СП, поради повредата на рамото и таа ќе ги пропушти следните два натпревари на Вардар во лигата на шампионите. Моментално Андреа се наоѓа во Холандија, на забрзана рехабилитација, како би се оспособила за настапите на својата селекција на СП. После три години пауза, Лекиќ се врати во составот на својата селекција и тоа на мечевите во рамките на квалификациите за пласман на мундијалот во Германија, каде во група се натпреваруваа со Македонија и Фарски Острови.

Ракометарки на Вардар ќе гледаме и во репрезентацијата на Франција. Селекторот на оваа селекција, Оливие Крумбхол во завршните подготовки ги повика Амандин Лејно и Александра Лакрабер, кои треба да помогнат на Франција, во борбата за еден од медалите на СП.

Претходно ги потврдивме Кликовац и Радичевиќ, кои се повикани на завршниот собир на репрезентацијата на Црна Гора, предводени од Драган Аџиќ.