Во очекување да продолжат натпреварите од Лигата на Шампионите во ракомет, ЕХФ направи нов ранкинг на екипите кои имаат шанси оваа сезона да се искачат на врвот на Европа.
Повторно, стручните лица во ЕХФ не му даваат шанси на Вардар да се најде ниту во десетте екипи кои можат да го подигнат трофејот во ЛШ. Интересно на 10.место се наоѓа екипата на Мотор Запорожје, додека на деветтата позиција е сместен Нант каде игра Кирил Лазаров.
Според прикажаната игра и остварените резултати досега, најголеми шанси да биде шампион е екипата на Барселона, потоа следува Веспрем, додека на третото место се најде екипата на Киелце, а според прогнозите на Ф4 треба да се најде и Кил.
Од 5-8 место во изборот се екипите на Фленсбург, Алборг, Порто и Мешков Брест.
Во рамките на 7.коло од ЛШ во четврток (19.ноември), Вардар е домаќин на екипата на Киелце.