Голем број играчи на Вардар заминаа по крајот на оваа сезона, се спомнуваше и името на Сташ Скубе, кој беше поврзуван со Киелце и ПСЖ. Тој имал договор со парижани кој во последен момент на среќа на црвено-црните пропаднал. Словенецот вели дека сака долго да биде во дресот на тимот со кој прв пат се искачи на врвот на Европа.
Немам многу што да коментирам за ПСЖ. Работата беше договорена, но во последен момент се случи проблем кој не би сакал да го спомнам.
Засега ситуацијата во Вардар е добра и доколку остане така, се гледам во Скопје уште долго време. По освојувањето на европската титула се променија некои работи и се чини дека Вардар ќе остане силен и во наредните неколку сезони.