Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Пет златни медали и еден бронзен од турнирите, како и Шампиони на Македонија за најтрофејната генерација 2008 на ФК Вардар
Пет златни медали и еден бронзен од турнирите, како и Шампиони на Македонија за најтрофејната генерација 2008 на ФК Вардар

Пет златни медали и еден бронзен од турнирите, како и Шампиони на Македонија за најтрофејната генерација 2008 на ФК Вардар

Генерацијата 2008 на фудбалскиот клуб Вардар и трета година по ред ја потврди доминацијата и неприкосновеноста, што се однесува до настапите во детската лига, но и на сите турнири на кои земаа учество. Се работи за една талентирана генерација, која повторно докажа дека е најдобра и заслужено го одбрани приматот, Шампиони на Македонија. Во претходните две години освоија прво место со тренерот Павел Неделковски, додека оваа сезона истиот успех го повторија и со Влатко Колев, како нивни стратег, додека во есенскиот дел од сезоната ги предводеше Миле Крстев, со кого успеаа да освојат и два турнири. Кога ќе ги погледнете нивните резултати преку целата сезона, како и мечевите на завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија, јасно ќе ви биде зошто се работи за шампионска генерација на Вардар.

vardarfans-20081-660x330

Едноставно немаше противник ниту оваа сезона, кој можеше да им застане на патот на златните вардарови момчиња, ниту пак екипа која можеше да ги „испоти“ црвено-црните. Едноставно и пред почетокот на сезоната бевме убедени дека ќе „газат“ во лигата и сигурни дека повторно ќе го подигнат трофејот. И оваа сезона, генерацијата беше составена од две екипи, кои паралелно се натпреваруваа во детската лига. Без разлика на Вардар (1) и Вардар (2), на крајот сите се победници, сите имаа свој придонес и заслуга за освоениот златен медал.

Вардар (1) одигра 24 натпревари на кои имаше исто толку победи, со максимален број на освоени бодови. Гол разликата беше импресивна за овие момчиња, ги полневме немилосрдно противничките мрежи, до последните секунди од натпреварите, па така сезоната ја завршивме со вкупно 214 постигнати голови, додека примивме само 29 погодоци. Ова се сите постигнати резултати на оваа екипа во натпреварувачката 2018/19 сезона:

b22

1 коло: Вардар – Викторија 12:0

2 коло: Вардар – Форца 11:0

3 коло: Вардар – Сарај 14:0

4 коло: Вардар – Скупи 9:2

5 коло: Вардар – Беса 23:0

6 коло: Вардар – Албарса 10:1

7 коло: Вардар – Кул 11:0

8 коло: Вардар – Куманово 6:1

9 коло: Вардар – Драчево (1) 3:1

10 коло: Вардар – Њу Старс (1) 7:1

11 коло: Вардар – Викторија  3:0 ( службено)

b6-21

12 коло: Вардар – Форца  11:1

13 коло: Вардар – Албарса  9:4

14 коло: Вардар – Драчево (1)  4:1

15 коло: Вардар – Работнички (1)  12:3

16 коло: Вардар – Кул  8:1

17 коло: Вардар – Њу Старс (1)  8:2

Плеј-оф разигрување за пласман на завршен турнир:

1 коло: Вардар – Нова Колонија  12:0

2 коло: Вардар – Башкими  7:3

3 коло: Вардар – Куманово  10:3

Ниту на завршниот турнир не се најде екипа, која може да им ги „помати„ сметките на вардарци, едноставно нашите млади надежи беа доминантни и надмоќни од противниците, а во големото финале убедливо ја совладавме екипата на Милано од Куманово. Лука Грчевски беше прогласен за најдобар голман во оваа генерација.

1734

Завршен турнир:

92

1/8 финале: Вардар – Акад. Пандев  6:1

1/4 финале: Вардар – Пелистер  6:1

577

1/2 финале: Вардар – Јанг Тим  6:1

ФИНАЛЕ: Вардар – Милано  5:0

301

61113911_10214447594765859_3801721736920039424_n

Вардар (2) исто така прикажа одлична игра, посебно во пролетниот дел од сезоната, кога наредија 11 победи по ред. Не успеавме да ја поминеме последната елиминациска пречка за пласман на завршниот турнир, но до крајот се боревме, иако цел меч против Кул го одигравме со играч помалку, сепак бевме рамноправни и на крајот загубивме само со еден гол разлика. Имавме вкупно 16 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Постигнавме вкупно 135 голови, додека примивме 44.

1018

Ова се сите остварени резултати на оваа екипа, во текот на целата сезона: 

1 коло. Вардар – Форца 1:4

2 коло: Вардар – Милано 7:3

3 коло: Вардар – Албион 3:3

4 коло: Вардар – Шкупи 8:2

5 коло: Вардар – Фортина 8:2

6 коло: Вардар – Спорт Ефе 3:4

7 коло: Вардар – Нова Колонија 11:3

8 коло: Вардар – Работнички (2) 8:1

9 коло: Вардар – Драчево (2) 2:2

10 коло: Вардар – Њу Старс (2) 5:2

11 коло: Вардар – Форца  4:1

12 коло: Вардар – Милано  9:2

13 коло: Вардар – Фортуна  11:4

14 коло: Вардар – Драчево (2)  12:0

15 коло: Вардар – Куманово 4:2

16 коло: Вардар – Нова Колонија  14:2

17 коло: Вардар – Њу Старс (2)  5:0

18 коло: Вардар – Спорт Ефе  5:1

Плеј-оф разигрување за пласман на завршен турнир:

919

1 коло: Вардар – Волково  11:2

2 коло: Вардар – Драчево  4:2

3 коло: Вардар – Кул  0:1

Оваа генерација сезонава настапи и на шест силни турнири, на кои освои пет први и едно трето место.

Се започна со турнирот „Пирин Куп“ во Бугарија, на кој генерацијата 2008 го освои првото место, под водство на Миле Крстев. Ова се сите постигнати резултати на турнирот:

1 коло: Вардар – Доростол  8:0

2 коло: Вардар – Хасково  0:0

3 коло: Вардар – Септември  5:1

1/2 финале: Вардар – Еврофудбал  4:0

ФИНАЛЕ: Вардар – Акад. Пандев  7:3

fg-660x330

Втор на листата турнири на оваа генерација беше оној во Скопје, кој го организираше фудбалската школа Кул, или, т.н.р. „Кул Куп 2018“. И на овој турнир црвено-црните беа предводени од Крстев, на кој го освоија првото место. Сите резултати на вардарци, на овој турнир:

1 коло: Вардар – Локомотив Пловдив  7:0

2 коло: Вардар – Тефејуз  9:2

3 коло: Вардар – Крагујевац 15:0

1/4 финале: Вардар – Албарса  3:2

1/2 финале: Вардар – Ујпешт  6:2

ФИНАЛЕ: Вардар – Јанг Тим 4:1

41382177_1846804552033049_7844511217841340416_n

Турнирот во Струмица, „Пандев Куп 2019“ на кој исто така го освоивме првото место, беше прв од низата освоени турнири во пролетниот дел под водство на Влатко Колев. Ова се сите постигнати резултати на споменатиот турнир:

53176179_261847928074409_4782066267253112832_n-660x330

1 коло: Вардар – Талент Битола 2:1

2 коло: Вардар – Њу Старс  3:2

3 коло: Вардар – Ќустендил Стојанов  6:0

1/4 финале: Вардар – Драчево Пандев 4:1

1/2 финале: Вардар – Акад. Пандев  2:0

ФИНАЛЕ: Вардар – Талент Битола  2:0

Оваа генерација на Вардар успешно го претстави клубот и на турнирот во Бугарија, „Тракиски Хотелиери“ на кој го освоивме златниот медал. Во конкуренција на 12 екипи, избраниците на Колев се покажаа како најдобри и најсилни, а тоа најдобро на финалниот дуел го почувствува една од најдобрите школи во Бугарија, се работи за Левски Софија, која ја поразивме високо.

vardarfans-naslovna8-660x330

Ова се резултатите на вардарци на турнирот „Тракиски Хотелиери“

1 коло: Вардар – Орлета  6:1

2 коло: Вардар – Септември  2:0

3 коло: Вардар – Локомотив Пловдив  7:0

1/8 финале: Вардар – Мињон Перник  4:0

1/4 финале: Вардар – Черноморец  2:1

1/2 финале: Вардар – Акад. Пандев  3:0

ФИНАЛЕ: Вардар – Левски Софија  4:1

Продолживме со освојување на трофеи и на меѓународниот турнир “Stopama Save Milosevica” 2019, во Бјелина, на кој учество земаа вкупно 32 екипи, поделени во осум групи од по четири тима. На крајот вардарци го освоија првото место и тука ја потврдија својата доминација, во конкуренција на екипи како Војводина, Динамо Загреб. Сите постигнати резултати на овој турнир:

1 коло: Вардар – Фамос Сараево  3:0

2 коло: Вардар – Петличи  2:0

3 коло: Вардар -Динамо Загреб  1:1

1/4 финале: Вардар – Војводина  1:0

1/2 финале: Вардар – Рудар  3:0

ФИНАЛЕ: Вардар – Динамо Загреб  0:0  ( пенали 2:0)

vardarfans-naslovna-660x330

Успешната сезона ја заокруживме со учеството на еден од најголемите и најмасовни турнири, на Балканот и Европа, се работи за турнирот „Драган Манце Куп 2019„, на кој го освоивме одличното трето место, во конкуренција на 40 силни екипи. Долга и напорна сезона за овие момчиња, кои повторно на дело го покажаа победничкиот карактер. Следува заслужен одмор, па со нови сили одиме во новата сезона.

vardarans-2008-660x330