Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стефан Терзиќ: Сеедно ни беше против кого ќе играме
Стефан Терзиќ: Сеедно ни беше против кого ќе играме

Стефан Терзиќ: Сеедно ни беше против кого ќе играме

Денеска беше извлечена ждрепката за 1/8 во Лигата на Шампионите. Вардар за противник ја доби екипата на Висла Плоцк од Полска. Висла се наоѓа во одлична форма, во групната фаза го освои третото место. Во својата арена успеаа да ја победат Барселона, и актуелниот европски првак, екипата на Фленсбург.

Очекувам победа. Сеедно ни беше против кого ќе играме. Противникот игра паметно, и многу добро пред се на домашен терен. Ние сме во сјајна форма. Нашата цел е да се пласираме на завршниот турнир. Така да се ни е исто, кој ќе ни биде противник до конечната цел, ни изјави Стефан Терзиќ за нашиот сајт.

Првиот натпревар ќе се одигра во Полска, во периодот од 11-15-ти март. Од 18-22-ри март, пак ќе ја пречекаме Висла, во С.Ц.Јане Сандански.

Звонко Ивановски