Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Стојаноски: Досега се покажало дека многу ракометари што дошле во Вардар, потоа брзо напредувале и го потврдиле квалитетот
Стојаноски: Досега се покажало дека многу ракометари што дошле во Вардар, потоа брзо напредувале и го потврдиле квалитетот

Стојаноски: Досега се покажало дека многу ракометари што дошле во Вардар, потоа брзо напредувале и го потврдиле квалитетот

Европскиот ракометен шампион официјално потврди и уште едно засилување, за новата натпреварувачка сезона. Нов играч на црвено-црните е словенецот Сикошек Пелко кој игра на пикерската позиција и ќе биде поддршка за Стоилов и Горпишин. Се работи за млад играч, кој допрва треба да се докажува, а се надеваме дека во Вардар ќе дојде неговиот израз и квалитет. Извршниот директор на клубот, Давор Стојаноски за официјалната страна на клубот го изјави следново:

-Младоста е предност за Сикошек Пелко и веруваме дека има предиспозиции да се вклопи во играта и системот на Вардар. Иако не е многу искусен во него препознавме квалитет за кој очекуваме да добие и потврда со настапот во нашиот клуб. Досега се покажало дека многу ракометари што дошле во Вардар, потоа брзо напредувале и го потврдиле квалитетот. Со нетрпение го очекуваме почетокот на подготовките и стартот на новата сезона.