Сосема заслужено, капитенот на европскиот првак, Стојанче Стоилов, е прогласен за спортист на годината во изборот на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС).
Вардаровиот ракометар и македонски репрезентативец ја освои европската титула и СЕХА лигата на клупски план. Тој е дел од успехот и на државната селекција да обезбеди настап на големите натпреварувања.
Интересно во борбата за првото место ги победи Магомедгаџи Нуров (борење), човекот кој обезбеди Олимпијада и член на црвено-црното семејство односно БК Вардар. Подобар беше и од Евгениј Поп Ацев (пливање), Емил Павлов (карате) и Димитар Ѓорѓиев (кик-бокс).