Saturday ,13 August 2022
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (СТРИМ) РК Вардар гостува кај екипата на Радовиш
(СТРИМ) РК Вардар гостува кај екипата на Радовиш

(СТРИМ) РК Вардар гостува кај екипата на Радовиш

Вардарци денес патуваат за Радовиш, каде ги очекува натпревар од 13.коло во ракометната Супер лига. Црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Радовиш, натпревар кој ќе се одигра од 18:00 часот во „СЦ 25 Мај“

Вардар не би требало да има проблеми околу освојување на бодовите, иако во четвртокот одигра натпревар во Германија против Кил, вечерва пред себе имаме противник кој се наоѓа на претпоследното место на табелата, со само 1 победи и 11 порази.

Натпреварот ќе го судат Мирко Трајковски и Александар Вукашиновск од Скопје, додека делегат ќе биде Васил Чавдаров од Богданци.

Натпреварот ќе можете да го проследите на преку СТРИМ, на линкот, ТУКА.