Филип Талески ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Вардар, во утрешното соочување со екипата на Алкалоид.
Вардаровите навивачи му приготвуваат достојно заминување на Талески од Вардар, кој наредната сезона најверојано ќе настапува во првенството на Португалија, во екипата на Бенфика.
Талески во 2020 година пристигна во Вардар од екипата на Балинген и беше еден од најдобрите стрелци на црвено-црните. Ова е ново заминување на играч од Вардар, после Куни Моралес кој во новата сезона ќе настапува за екипата на Загреб, додека се најавува уште едно заминување на интернационалец од клубот, се работи за Леонардо Дутра Фереира.