Овој викенд на програмата следува финалниот турнир во М18 лигата во машка конкуренција.
Екипата на Феникс баскет ја доби организацијата на турнирот, кој во сабота и во недела ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Работнишки и на Вардар е закажано за 17.30.часот. А нешто подоцна, од 20. часот, за место во финалето ќе разигруваат Водно Санс и домаќинот на овој турнир, екипата на Феникс баскет.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 55.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 28.мај (недела) од 20. часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 35.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 17.30 часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари. Поразениот тим во „малото финале“ ќе добие 20.000 денари од вкупниот награден фонд од 140.000 денари кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
18 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
27.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
17.30: Работнички – Вардар (1)
20.00: Водно Санс – Феникс баскет (2)
21.МАЈ (НЕДЕЛА)
17.30: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
20.00: Финале (победник 1) – (победник 2)
*Сите натпревари се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје