После пристигнувањето во Скопје, ракометарите на Вардар ќе се подготвуват за натпреварот во супер купот, против екипата на Металург. Овој меч е закажан да се одигра на 18-ти август на струшкото игралиште. По тој повод, како и поради одигрување на меѓународен турнир во Струга, организаторите на турнирот го подновија својот терен, кој доби сосема нов и поинаков изглед. Се очекува во наредниот период да биде поставен и лед екран и игралиштето ќе потсетува на терените, на кои настапуваат екипите во Лигата на Шампионите.