Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Термини на одигрување натпревари за младинските екипи на РК Вардар
Термини на одигрување натпревари за младинските екипи на РК Вардар

Термини на одигрување натпревари за младинските екипи на РК Вардар

Нови натпревари во рамките на првенството на младинските ракометни екипи, ќе гледаме претстојниов викенд.

Своето прво пролетно коло ќе го одиграат пионерите на Вардар Јуниор, кои се предводени од Зоран Петковски. Оваа нова генерација на Вардар, момчиња родени 2004/05 година ја сочинуваат играчи кои нстапуваат за ракометните школи во Јуниор лигата. Во есенскиот дел, екипата имаше три победи и два порази, додека на Кале успеавме да го совладаме тимот на Бисинов од Велес со резултат 23:20. Токму во недела му гостуваме на овој противник, натпревар кој ќе се одигра во недела, со почеток од 10:30 часот. Избраниците на Андријана Будимир, повозрасните пионери во рамките на десеттото коло гостуваат на екипата на Шкупи. Натпреварот е закажан да се одигра во недела, со почеток од 17:00 часот. Убедливо го добивме мечот во есенскиот дел, кога на Кале славевме со резултат 27:10. Пионерите на Вардар имаа максимални осум победи од исто толку одиграни натпревари, во рамките на групата 1.

Во рамките на второто пролетно коло, младинците на Вардар гостуваат на екипата на КЛ-7 Струга. Ова ќе биде дуел на првите две пласирани екипи, во рамките на групата 1 од младинската лига. Натпреварот е закажан за во недела, со почеток од 13:30 часот во Струга. Првиот меч одигран во малата сала на С.Ц. Јане Сандански го добија вардарци, кои победија со резултат 30:27. Пролетниот дел од сезоната стартува и за младинците на Вардар Јуниор кои во сабота со почеток од 17:00 часот се домаќини на екипата на Радовиш.

Активни со настапи ќе бидат и двете младински женски екипи на Вардар. Вардар Јуниор предводени од Драгана Ристова во недела гостуваат на екипата на РК Кузман-Вардар, меч кој ќе се одигра во салата “Гоце Делчев“ со почеток од 12:45 часот, додека Вардар чиј тренер е Анжела Платон на Кале се домаќини на екипата на Кичево, дуел кој стартува од 19:00.

Натпревар ќе имаат и пионерките на Вардар, кои во недела од 10:30 часот, во спортската сала во населбата Автокоманда, гостуваат на екипата на Металург 2,